5.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Флорентино го продаде за пет милиони, сега сака да го врати за неколкукратно повеќе

Алекс Хименес беше стрелец на вториот гол за Борнмут во победата над Ливерпул од 3-2, но веројатно малкумина знаат дека овој фудбалер потекнува од Реал Мадрид. Флорентино Перес се откажа од неговите услуги уште додека настапуваше за младинската екипа, кога го продаде на Милан за пет милиони евра.

Сега 20-годишниот фудбалер блеска во Премиер лигата, каде игра како позајмен од Милан до крајот на сезоната, а во Реал Мадрид веќе размислуваат да го вратат на „Сантијаго Бернабе“.

Хименес може да игра и на левата и на десната бековска позиција, што е идеално за „кралевите“, но неговата цена во моментов е 18 милиони евра, а Милан сигурно дека ќе бара и многу повеќе со оглед на возраста и на игрите кои ги прикажува.

Во Мадрид веќе се разгледува можноста тој да биде купен налето, но сега ќе мора да платат неколкукратно повеќе од сумата за која го продадоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести