-0.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Флорентино има пеколен план, Арбелоа ќе биде само привремено решение за тренер

Алваро Арбелоа ќе биде замената за Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид, но тренерот на Кастиља се чини дека нема да се задржи долго на клупата на „кралевите“. Планот на Флорентино Перес е веднаш да назначи тренер на дол рок, а тоа се очекува да биде ни повеќе ни помалку, туку Јирген Клоп.

Германецот уште пред еден месец имал контакт со претседателот на Реал Мадрид, но одбил да преговара бидејќи Чаби Алонсо се уште беше тренер. Сега, кога Шпанецот веќе не е на клупата на „кралевите“, имало нов разговор, а на Клоп му се допаднала идејата да се врати на фудбалот и да биде тренер на Реал Мадрид.

Планот Б на Флорентино Перес е, доколку не успее со Клоп, да го повика Зинедин Зидан, но и тој би бил само привремено решение, бидејќи веќе е јасно дека тој ќе биде селектор на Франција по завршувањето на Мундијалот, па во Реал Мадрид би можел да остане само до крајот на оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести