0.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Флорентино има план Б: Ако не го доведе Витиња, тргнува по ѕвездата на Манчестер сити

Реал Мадрид зимава не е активен на трансфер-пазарот, но раководството на клубот напорно работи на засилувања кои би пристигнале налето. Првата желба на Флорентино Перес е Витиња од ПСЖ, но има и план Б, а тоа е Родри од Манчестер сити.

Шпанецот има договор со Граѓаните до летото 2027 година, а во моментов нема никакви најави за негово продолжување. Сепак, Родри е во втор план поради многубројните повреди, па затоа првата опција е Витиња.

Сепак, во Реал Мадрид го следат Шпанецот, чекаат да видат како ќе го одигра пролетниот дел и дали повредите ќе се вратат, а доколку сè биде во ред, ќе тргнат по неговиот потпис налето, а Сити ќе мора да го продаде за да не го загуби бесплатно.

- Оглас -

Најнови вести