35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Флорентино Перес до Чаби Алонсо: „Имаш одврзани раце!“

Реал Мадрид на крајот од минатата сезона се раздели со Карло Анчелоти, а на неговото место дојде Чаби Алонсо. Поранешниот фудбалер на „кралевите“ не можеше да ја одбие понудата на Флоентино Перес, па иако времето беше кратко, прифати да ја води екипата и на Светското клупско првенство во САД.

„Кралевите“ и таму не успеаја да дојдат до трофејот, па шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перес му дал одврзани раце на Чаби Алонсо, кој мисли дека треба да игра – да игра, кој треба да биде на клупа – да остане на клупа, дури и кога станува збор за најголемите ѕвезди на екипата.

Ваква дозвола немал ниту еден тренер претходно, а тоа само ја покажува довербата која ја има Перес во својот нов тренер. Познавачите велат дека веднаш се забележува разликата, а и Лука Модриќ пред да си замине предупреди дека во соблекувалната на Реал владеат нарушени односи, а некои од фудбалерите играат за себе, а не за екипата. Тука пред се се мислеше на Винисиус и Родриго.

- Оглас -

Најнови вести