Флорентино Перес ја донесе една од најголемите одлуки во неговото владеење, барем кога се работи за кошаркарскиот клуб. „Кралевите“ и официјално соопштија дека ја напуштаат Евролигата и од следната година ќе настапуваат во новиот проект – НБА Европа.
Новото натпреварување ќе започне во октомври 2027 година, а освен Реал Мадрид, таму ќе им се приклучат и Барселона, Баерн Минхен, Олимпија Милано, Асвел Лион, Алба Берлин и Панатинаикос.
Лигата е планирано да брои 16 екипи, 12 постојани учесници кои ќе бидат и оснивачи, како и четири екипи кои ќе изборат пласман преку квалификации и тие ќе бидат променливи.
Според најавите, можно е во НБА Европа да се формираат и нови екипи кои ќе бидат во сопственост на фудбалските гиганти, како што се Манчестер сити и ПСЖ.

