Флорентино Перес е подготвен за радикални чекори, дури и за напуштање на Ла Лига!

Незадоволството во редовите на Реал Мадрид од судиите во шпанската Ла Лига е големо. Шпанскиот „Спорт“ најавува дека раководството на Кралевите подготвува радикални чекори, кои воопшто нема да му се допаднат никому во Шпанија.

Според извори на медиумот, Флорентино Перес е подготвен дури и за напуштање на шпанската Ла Лига и преселба во некое друго европско првенство, а се споменуваат Серија А, Лига 1 и Бундеслигата. Иако вакво нешто изгледа како невозможно, сепак Реал Мадрид беше еден од иницијаторите за формирањето на европската Суперлига, идеја која не заживеа.

Во таборот на Кралевите сметаат дека се оштетени од судиите на последните три првенствени натпревари, на кои Реал има еден пораз и два нерешени резултати, а чашата ја прели исклучувањето на Џуд Белингам на мечот против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести