Флорентино Перес: “Фудбалот е во криза. Од следната сезона ќе има натпреварување кое никој не го разбира“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, одржа говор на собранието на клубот, во кој најмногу зборуваше за фудбалската и кошаркарската екипа. Тој се осврна и на плановите за формирање на фудбалска Супер лига, но и ја критикуваше УЕФА за новиот натпреварувачки систем на Лигата на шампионите, кој ќе почне да се применува од следната сезона.

– “Фудбалот е во криза на сите нивоа, како во Шпанија, така и во Европа. Главниот проблем е што постојат луѓе кои работаат без да мислат на навивачите. Европскиот фудбал не му припаѓа на претседателот на УЕФА. Шпанскиот фудбал не му припаѓа на претседателот на Ла Лига. Целта на Суперлигата беше јасна – да се направи најдоброто клупско натпреварување. Проектот за Суперлига го следеше црна кампања полна со дезинформации. Трвдеа деа ќе ги напуштиме националните првенства, но планот не беше таков. Ова е последната сезона по овој модел на Лигата на шампионите. Новото европско натпреварување никој не го разбира. Необичен, апсуредн проект кој нема фудбалска смисла. Не се земени во предвид желбите на клубовите, фудбалерите и навивачите.“ – рече Перес.

- Оглас -

Најнови вести