Репрезентацијата на Фрнција минилано со 1-0 и со автогол ја совлада Австрија на својот прв меч на Европското првенство. Од трибините овој натпревар го гледаше и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кој беше воодушевен од играта на еден фудбалер на Франција.
Се работи за левиот бек Тео Ернандес, кој воодушеви пред се со својата одлична игра во офанзива, нешто што и тоа како се почитува во Реал Мадрид. Наредбата на Флорентино Перес била веднаш да се тргне во акција и да се ангажира фудбалерот на Милан. Ернандес има договор со „црвено-црните“ од Милано до 2026-тата година, но отворено најави дека сака да си замине. Неговата моментална вредност е 60 милиони евра.