Флорентино Перес го пикираше фудбалскиот ѕвер за кој би платил и 160 милиони евра!?

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лига на шампиони откако успеа да го елиминира фаворизираниот Манчестер сити. Сепак, двете победи на Реал во пресметката со англискиот гигант не треба да се изненадување, затоа што Кралевите се убедливо најтрофејниот тим во ова натпреварување.

Сега, следен противник за шпанскиот гигант во елитното натпреварување ќе биде Баерн Минхен. Германскиот првак игра доминантно сезонава, но секако дека Реал нема да се предаде. Во пресрет на нивните два меѓусебни дуели, медиумите почнаа да шпекулираат дека Реал може во летниот преоден рок да „украде“ една ѕвезда од Баерн.

Мајкл Олисе кој е роден во Англија, а настапува за француската репрезентација има фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен. Овој 24-годишен офанзивен играч за врска, сезонава во 38 средби во сите натпреварувања, постигна 15 голови, а има и неверојатни 27 асистенции, што значи дека се профилираше во еден од клучните во играта на баварскиот гигант.

Олисе има договор со Баерн до јуни 2029 година, но шпекулациите се дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес дал „зелено светло“ да се работи за трансфер кој би се реализирал во летниот преоден рок. Олисе стигна во Баерн Минхен за 60 милиони евра од Кристал палас, а за него интерес покажа и Ливерпул. Се верува дека Баерн Минхен не би се откажал од Олисе за помалку од 160 милиони евра, но тоа е сума која Реал и би можел да ја плати.

Низ историјата се покажало дека кога Флорентино Перес ќе пикира еден играч, тој најчесто завршува на „Сантијаго Бернабеу“. Останува да се види дали претседателот на Реал толку многу го посакува фудбалерот на Баерн во своите редови и дали може да се случи летово да биде постигнат еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести