Флорентино Перес сака што побрзо да го реши прашањето со новиот тренер на Реал Мадрид откако Чаби Алонсо доби отказ бидејќи веќе по еден натпревар стана јасно дека Алваро Арбелоа не е подготвен за таа задача. Сепак, малкумина можеа да претпостават која ќе биде првата желба на претседателот на Кралевите.
Во неделата Реал го загуби првиот трофеј сезонава откако во финалето на шпанскиот Суперкуп беше поразен од Барселона со 3-2 и токму тој натпревар беше пресуден за Алонсо.
Веќе следниот ден, од клубот ја шокираа фудбалската јавност со објава дека Алонсо повеќе не е тренер на Реал и дека му е доделен отказ.
Привремено, на неговото место од Реал Мадрид Кастиља дојде Алваро Арбелоа, но неговиот дебитантски настап беше катастрофален – Реал испадна од второлигашот Албасете во Купот на кралот, што беше јасен показател дека Арбелоа сè уште не е подготвен за таков предизвик.
По поразот од Албасете, првиот човек на клубот, Флорентино Перес, јасно одлучи дека Реал што побрзо мора да го реши прашањето со новиот тренер и веќе контактирал неколку звучни имиња.
Секако, најмногу се шпекулира за Јирген Клоп, но Германецот јасно дал до знаење дека не сака да го преземе тимот пред летото.
Покрај Клоп, се споменуваат и Зинедин Зидан и Карло Анчелоти, но шпанските медиуми тврдат дека Перес има свој фаворит, а неговото име особено ги изненадило навивачите на Реал Мадрид.
🚨 Florentino Pérez reportedly wants José Mourinho to return to Real Madrid:
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2026
🗣️🇪🇸 “Florentino Pérez’s ultimate plan is to bring José Mourinho back. He’s a coach who’s stirring up a storm at Benfica, precisely so they’ll fire him.
Mourinho was the only one Florentino Pérez was… pic.twitter.com/3KyrnEnxRN
Станува збор за Жозе Мурињо, кого Перес наводно сака да го доведе во Реал бидејќи смета дека му е потребен тренер кој може да наметне авторитет во соблекувалната и верува дека искусниот Португалец е вистинското решение.
Мурињо моментно е на клупата на Бенфика, но таму веќе со своите потези предизвикал незадоволство и разни приказни. Откако се појави информацијата дека би можел да оди во Реал, сè станало појасно.
Португалците веруваат дека Мурињо намерно започнал со овие потези за да добие отказ од Бенфика и да може да се врати во Реал Мадрид, со желба да го подобри впечатокот од првиот мандат во Кралскиот клуб, кога резултатски не се прослави премногу.
Според шпанските медиуми, Мурињо со големо задоволство ја прифатил иницијативата на Флорентино Перес и покажал огромна желба да се врати во Реал Мадрид бидејќи е свесен дека така би ја оживеал и својата тренерска кариера, која во последните години не е на завидно ниво.
Сега главното прашање е дали челниците на Бенфика ќе му дадат отказ, а ако тоа се случи во наредните денови, тогаш е речиси сигурно дека Мурињо ќе дојде во Реал Мадрид, што не ги радува премногу навивачите на Кралевите. Тие би сакале на клупата да ги видат Клоп или Зидан, но се чини дека Флорентино Перес и овојпат има поинаков план.

