Флорентино Перес подготвува изненадувања во Реал Мадрид

Лошите изданија во подготвителниот период, придонесоа за притисок од навивачите и новинарите да бидат направени поголеми промени во Реал Мадрид, па претседателот Флорентино Перес сега размислува за потези кои не ги планираше.

Инсистирањето на тренерот Зинедин Зидан да се купи скапиот Пол Погба може да се претвори во разочарување за него, и ангажирање на други фудбалери за врска. Сега се зборува дека Реал може да ги земе Дони Ван Де Бек од Ајакс и Бруно Фернандес од Спортинг Лисабон, двајца играчи за кои Реал би платил како за Погба.

Перес во својата претседателска кариера досега никогаш нема купено Холанѓанец, но сега е сериозно загреан за 22-годишниот Ван Де Бек. Ако го купи и Погба или Португалецот Фернандес, нема да биде изненадување дека еден од староседелците на кои Зидан смета како стартер, си оди. Бидејќи летово се продолжи договорот со Тони Крос, можеби Лука Модриќ ќе биде продаден во Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести