Флорентино Перес се налути, две ѕвезди завршија на трансфер-листата!

Реал Мадрид минува низ резултатска криза откако на домашен терен загуби од Барселона со 0-4 и Милан со 1-3, а на мечот од Лигата на шампионите катастрофална партија одигра Орелијан Чуамени, кој постојано беше на удар на публиката, која го „поздравуваше“ со свирежи.

Тој беше купен од Монако за 80 милиони евра, но освен првата сезона, воопшто не ги оправда вложените средства. Реал Мадрид на Монако дополнително му исплати и 20 милиони евра како бонуси, но неговите игри го принудија Флорентино Перес да го стави на трансфер-листата.

Кралевите се подготвени да го продадат за 100 милиони евра, но тешко е да се најде екипа кој би платила толкава сума. Можеби ќе има попуст, но повторно високото обесштетување ќе биде најголемиот проблем да се ослободат од Чуамени.

Вториот фудбалер кој налето ќе го напушти Кралскиот клуб е Лукас Васкес, кому договорот му истекува на крајот од оваа сезона и отсега е познато дека нема да му биде продолжен. Фудбалерот кој има 34 години ќе биде слободен да си бара нова фудбалска средина.

- Оглас -

Најнови вести