Изминативе сезони редовно сме сведоци на поставување нереални суми за фудбалерите.
Ако пред две децении за играч од светска класа се даваше околу 30 милиони евра, денес таа сума е десеткратно зголемена.
Еден од главните виновници е Флорентио Перес, газдата на Реал Мадрид, кој со неговите ангажмани своевремено ја креваше летвичката за најскапи транфери.
Но, тој во едно од своите последни излегувања пред јавноста кажа дека клубовите коишто се под сопственост на државите (мислејќи на ПСЖ и Манчестер сити) имаат нереални барања.
„За Мбапе понудивме 200 милиони евра, а тој е во последната година од договорот и тоа беше недоволно за нив.
Бидејќи 200 милиони евра не се ништо за сопствениците на ПСЖ. Ова не е нормално што се случува на трансфер-пазарот.
Затоа ќе се обидеме да го доведеме овој играч без пари“, изјави Перес.