Карло Анчелоти продолжува да работи одлично како тренер на Реал Мадрид, но претседателот Флорентино Перес веќе има план за негов наследник и прашање е само кога ќе дојде до таа промена.
Анчелоти важи за еден од најдобрите тренери во светот, а Реал е среќен што го има во своите редови. Сепак, искусниот италијански стручњак може да замине на крајот на сезоната, а Кралскиот клуб не остава ништо на случајноста и веќе наводно договорил нов тренер.
Според добро информираниот новинар Марио Кортегана, кој ова го сподели на својот јутјуб канал, новиот тренер на Реал ќе биде добро познато име за навивачите. Иако се веруваше дека Чаби Алонсо би можело да биде прв избор, ситуацијата сега се менува.
Кортегана вели дека нема планови Анчелоти да биде отпуштен, без разлика на исходот на сезоната, но клубот е подготвен за нов тренер, свесен за можноста Анчелоти да си замине налето. Дури и ако Реал Мадрид не се наоѓа во најдобра форма, никој не го обвинува Анчелоти за тоа, но е подготвена алтернатива во случај на негова одлука за заминување.
„Убеден сум дека договорот е Зинедин Зидан да се врати. Тој многу добро го познава клубот, а исто така тоа би го направило среќен и Килијан Мбапе“, изјави Кортегана.
Раул Гонзалес, легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, се споменуваше како друга опција, но Кортегана смета дека тоа би било ризично решение бидејќи Раул нема доволно искуство во водење големи тимови и Флорентино Перес не е подготвен да му го довери тимот во овој момент.
Зидан, кој како тренер го предводеше Реал во два мандата, освои две титули во Ла Лига и три трофеи во Лигата на шампионите, заедно со бројни други трофеи како европски и светски Суперкуп, шпански Суперкуп и две признанија за тренер на годината.
Во последните месеци, Зидан се поврзуваше со неколку клубови и национални селекции, вклучувајќи ја и француската репрезентација, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, но тој сè уште е без ангажман и е на располагање.