1615 Флорида пантерс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)
Флорида нанижа три порази по ред и го губи здивот во големата битка за врвот во Источната конференција, каде што има дури 8 кандидати за врвот.
Пантерите се трети со 75 бода, зад лидерот Каролина и шампионот Тампа беј, но имаат шанси за врвот.
За тоа, секако, им треба победа против аутсајдерот Отава, тим од кој претрпеа невиден дебакл со 8:2, и тоа на свој терен во декември.
Претходно Флорида на три меча ги победуваше Сенаторите и им даде вкупно 17 гола, па се очекува нов ефикасен меч, но ние ќе го искористиме зголемениот коефициент во Супер типот на Sport Life и ќе одиграме единица.
Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life
8356 Калгари флејмс – Монтреал канадијанс (НХЛ, 03 часот)
Калгари има прекрасна сезона и сè уште има шанси да биде прв на Западот во НХЛ во битката со Колорадо и Сент Луис.
Флејмс имаа неверојатна среќа во 2014 година, кога како 104-ти пик на драфтот во четвртата рунда го одбраа Џони Гудро, кој сега им е главна ѕвезда во тимот и шести најдобар понтер во Лигата со 20 гола и 47 асистенции.
Првата напаѓачка постава со него, со Ткачик и Линдхолм е убиствена и една од најдобрите во НХЛ, а имаат и уште многу квалитетни адути.
Во моментнов се пресилни за 24-кратниот првак Монтреал, кој таври на дното на табелата во Источната конференција само со 33 бода.
Дуелот е мини-канадско дерби што ќе го добие убедливо Калгари.
Предлог тип: 1&5+ (1.81)
8449 Демар Дерозен (Атланта хоукс – Чикаго булс, НБА, 01 часот)
Навивачите на Чикаго ликуваат и велат дека го имаат новиот Мајкл Џордан, а како што игра Демар Дерозен, и не се далеку од вистината.
Оваа сезона олраунд-кошаркарот на Булс блеска и урна неколку клупски рекорди.
На 10 од последните 12 натпревари постигнуваше 30+ поени, а на последниот меѓусебен дуел со Хоукс на 25 февруари им го наполни кошот со 37 поени.
Просекот сезонава му е 28,2 поени на четвртото место, но како што игра Демар, има шанси и за првата позиција, на која е Џоел Ембид со просек од 29,8 поени.
Откако е член на Чикаго, Дерозен на двапати постигнуваше над 32 поени, колку што е границата за овој меч, а еднаш даде 20 поени.
Време е за хет-трик и за нов меч со повеќе од 32 поени.
Предлог тип: >31.5 поени (1.87)
8479 Џа Морант (Бостон селтикс – Мемфис гризлис, НБА, 01.30 часот)
Морант се врати на паркет по повредата и игра фантастично. Мечките стравуваа дека ќе отсуствува подолго, но камбекот на Џа се случи многу брзо и блескаво.
Паузираше само на еден натпревар и потоа на првиот што го играше постигна 44 поени со Портланд, па нанижа и 46 против Чикаго и рекордни 52 во невидено шоу против Сан Антонио спарс.
Тоа е и негов личен рекорд и клупски на Мемфис, последна екипа од сите 30 што играат во НБА што конечно има кошаркар со 50+ поени на меч во најсилната кошаркарска лига.
Морант е во топ-форма, ги има сите потребни квалитети да биде голема ѕвезда во НБА-лигата и ќе типуваме дека ќе ја продолжи рафалната стрелба со нов меч со 30+ поени.
Предлог тип: >29.5 поени (1.87)
8489 Сан Антонио спарс – Сакраменто кингс (НБА, 02.30 часот)
Во „Еј-Ти енд Ти“ центарот во Сан Антонио сè е подготвено за свеченост, а се чека победа против Сакраменто кингс за рекордна 1.335 победа на легендарниот Грег Попович.
Популарниот Поп со триумф ноќеска ќе се израмни со Дин Нелсон на врвот на вечната листа со тренери што имаат најмногу победи во историјата на НБА-лигата.
Тоа е мотив плус за Мареј и соиграчите да му подарат специјална победа на својот тренер, а и да направат чекор кон позициите што водат во плејофот.
Сан Антонио има солидна екипа и може да се пробие до доигрувањето за титулата, но мора да победува во континуитет.
Кингс направија доста промени со трампите на играчи во февруари и сето тоа треба да се воигра за подобри резултати.
Сан Антонио ги декласираше во ноември, на последниот меѓусебен меч во „Еј-Ти енд Ти центарот“ со 136:117, а домаќините ги добија сите четири периоди. Сега им е доволно на крајот да имаат некој поен повеќе од ривалот и да му подарат вредна победа за рекорд на Грег Попович.
Предлог тип: 1 (1.49)