Флоријан Вирц е блиску до премин во Ливерпул

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, може да потпише за Ливерпул.

Се појави информација дека Баерн Минхен повеќе не верува дека можат да го купат германскиот репрезентативен фудбалер за врска, добиле инфирмација дека не се преферирана дестинација за Вирц, туку тој сака во Ливерпул, и сега трансферот на Вирц на „Енфилд“ е реалност.

Овој 22-годишен фудбалер претпочита да ја продолжи кариерата во Ливерпул, иако сè уште не е постигнат договор меѓу двата клуба, а финансиските параметри остануваат предизвик, бидејќи Леверкузен бара висока отштета.

Ливерпул сака побрзо да го комплетира договорот, затоа што на Вирц уште се надева и Реал Мадрид, поточно нивниот нов тренер Чаби Алонсо кој му беше тренер во Леверкузен и одлично соработуваа последниве две сезони.

Вирц веќе ја посетил Северозападна Англија, разгледувал недвижности, во случај да премине во Ливерпул. Вирц има договор со Баер Леверкузен до 2027 година и затоа клубот не би го продал за помалку од 150 милиони евра. 

- Оглас -

Најнови вести