Флоријан Вирц дојде како огромно засилување на „Енфилд“ ова лето, но новата епизода во неговата кариера не почна најдобро. Тој никако не може да се вклопи во играта на Ливерпул и е далеку од игрите што ги прикажуваше во Баер Леверкузен и во германската репрезентација. Критиките веќе почнаа да стигнуваат на негова адреса и британските медиуми тврдат дека веќе е несреќен по неколку месеци во тимот на Ливерпул.
Ливерпул за Германецот плати 116 милиони евра, сума која секако ќе треба да ја оправда со квалитетни настапи, а тој веќе чувствува огромен притисок. Во досегашните настапи нема ниту еден гол или асистенција, а Ливерпул нанижа два порази по ред, па сега се бараат „виновници“.
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој во Баер Леверкузен соработуваше со Флоријан Вирц, будно ја следи ситуацијата и веќе побарал од челниците на Кралскиот клуб да се обидат да стапат во контакт со агентите на Вирц. Доколку тој одлучи дека не направил вистински потег со трансферот во Ливерпул, тогаш Чаби Алонсо е подготвен веднаш да го доведе на „Бернабеу“.