Флоријан Вирц ја променил одлуката, ќе си замине од Баер Леверкузен

Флориjан Вирц, 21-годишната ѕвезда на Баер Леверкузен, може да го напушти клубот уште ова лето, објави „Кикер“. Иако од декември минатата година се најавува дека ќе потпише нов договор со Фармацевтите, тој сè уште не го потврдил своето конечно решение, што наводно ги загрижува и клубот и неговите навивачи.

Првичниот план на Вирц беше да остане во Леверкузен и да продолжи со развојот на кариерата до СП 2026, а потоа да се пресели во некој од европските гиганти. Сепак, изгледа дека ситуацијата се променила бидејќи Вирц размислува да го напушти Баер Леверкузен уште ова лето.

Баварскиот гигант Баерн Минхен веќе подолго време го следи Вирц и во преговорите се вклучил дури и почесниот претседател Ули Хенес, кој има добри односи со семејството на фудбалерот. Освен тоа, Манчестер сити исто така се интересира за Вирц гледајќи го како идеален наследник на Кевин де Бројне, кој се очекува да го напушти клубот. Во игра е и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести