Флуминенсе го елиминираше Интер од Светското клупско првенство (Видео)

Бразилскиот Флуминенсе со 2:0 го победи Интер и се пласираше во четвртфиналето од Светското клупско фудбалско првенство. Пред мечот Интер важеше за фаворит, но на теренот Бразилците поставија одлична тактика и игра, па на крајот заслужено се радуваа на пласман во следната фаза.

Уште во третата минута беше најавено изненадувањето. Искусниот 37-годишен напаѓач Герман Кано одлично се снајде во петерецот на Интер и со глава постигна гол за водство од 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Интересно е дека и во продолжение на средбата, Флуминенсе најчесто ја контролираше играта. Бразилците постигнаа гол и во 40 минута, но беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме, Нераѕурите со сите сили се обидуваа да постгинат гол за израмнување, но не можеа да најдат противигра за расположените Бразилци. Во судиското надополнување, Флуминенсе постигна и втор гол кога Херкулес зголеми на 2:0  и стави точка околу сите дилеми за победникот на овој натпревар.

Овој погодок може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести