Флуминенсе го сопре чудото од Саудиска Арабија, Бразилците се први полуфиналисти на клупскиот Мундијал (Видео)

Екипата на Флуминенсе е првиот полуфиналист на Светското клупско првенство, откако по голема борба со 2:1 славеше над Ал-Хилал. Бразилскиот тим поведе со голот на Мартинели во 40 минута, но Ал-Хилал не се предаде.

Тимот од Саудиска Арабија кој во претходниот меч направи изненадување и го елиминираше Манчестер сити, успеа да израмни протиб Флуминенсе кога Маркос Леонардо погоди во 51 минута.

Флуминенсе потоа брзо возврати, а човекот на одлука беше Херкулес. Тој влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а постигна гол во 70 минута за 2:1, што на крајот се покажа како доволно за победа на бразилскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести