Бразилски Флуминенсе ќе игра во финалето на Светското клупско првенство, откако вечерва во првото полуфинале го победи египетски Ал Ахли со 2-0.
Африканскиот првак имаше повеќе шутеви на гол, но не ги реализираше своите шанси, му дозволија на 40-годишниот голман Фабио да покаже дека е одличен чувар на мрежа. Клучен придонес за победата на првакот на Јужна Америка имаше и еден друг ветеран, славниот лев бек Марсело.
Некогашниот капитен на Реал Мадрид во 71-ва минута изнуди пенал, по што Џон Аријас од белата точка погоди за 1-0. Сите дилеми околу победникот го разреши Џон Кенеди, кој беше стрелец на победничкиот гол и во финалето на Копа Либертадорес.
Во другото полуфинале, утре играат Манчестер сити како шампион на Европа и јапонскиот тим Урава редс.