Франко Фода ги пофали своите репрезентативци по победата против Словенија, која се чини ќе биде клучна Австрија да биде вториот патник на Европското првенство во 2020 година.
Австријците победија со 1:0 во Љубљана и сега им треба само еден бод во двата преостанати меча со Македонија и Летонија за да биде вториот патник.
„Играчите имаат право да се радуваат, но да го одложиме комплетното славење за во октомври. Да ја победиме Македонија и да го симнеме товарот од грбот. Играме сè подобро и секоја чест на фудбалерите што покажаа карактер и презентираа квалитет“, изјави Фода.
Австријците имаат 16 бодови на две кола до крајот, пет повеќе од Македонија и Словенија и подобар меѓусебен скор од девет репрезентации, па им треба само еден бод на двата последни натпревари за печат на визата за ЕП.