Англичаните, според букмејкерите, и понатаму се први фаворити на Европското првенство, а избраниците на Герет Саутгејт на патот до полуфиналето ќе вкрстат со Швајцарија, која покажа сериозен квалитет со доминантниот настап против Италијанците во осминафиналето.
Англија и Швајцарција ќе играат в сабота, на 6 јули, во Дизелдорф.
Според мислењето на добар дел од фудбалската јавност, Англичаните не ја оправдаа улогата на фаворити иако се пласираа меѓу осумте најдобри. Тие ремизираа со Словенците и Данците, а против Србија и Словачка забележаа макотрпни минимални победи.
Најголемиот дел од критиките одат кон селекторот Герет Саутгејт.
Сепак, во одбрана на селекторот застана Фил Фоден, ѕвездата на Манчестер сити и крилен напаѓач на репрезентацијата на Англија.
„Критиките против нас се оправдани, но ние играчите мораме да преземеме дел од нив. Селекторот ја одредува тактиката, не става во системот, но на крајот сепак ние реагираме на теренот. Не е пријатно да се слушнат сите погрдни зборови против селекторот. Секоја екипа мора да има лидер, а исто така и некој што ќе реагира на вистински начин кога работите не одат како што треба“, изјави Фил Фоден.