Лестер е во многу незгодна ситуација со најмалку три фудбалери што сакаат трансфер и да си заминат, а едниот од нив веќе настрада и нема да игра против Челзи, задутре.
Се работи за Весли Фофана, кој е префрлен во тимот на Лестер за фудбалери до 23 години и нема да игра за Лисиците токму против клубот за којшто сака да игра во иднина.
Челзи ќе му биде домаќин на Лестер во сабота од 16 часот, а клубот од Лондон веќе понуди неверојатни 70 милиони фунти за Фофана, но Лестер ги одби.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1562784593555881984?s=20&t=QwWlnom5IqqN_6fmTNSPXQ
Фофана нема да игра на „Стемфорд бриџ“ задутре, а за понатаму статусот му е неизвесен, а Челзи притиска и има време за трансфер до 1 септември.
Во слична ситуација е и Тилеманс, кој сака да оди во Арсенал, а и Медисон има понуди, но засега тој е најтивок и можно е да продожи да игра за Лестер.