Фонсека е подготвен да зијани 3 милиони евра за да биде тренер на Рома

Пауло Фонсека сака да биде новиот тренер на Рома бидејќи има понуда од римската волчица, но мора сам да си ја плати отштетата од 3 милиони евра.

Португалецот е подготвен да зијани и од свој џеб да ја покрие сумата што е предвидена меѓу него и првакот на Украина, во случај тој предвреме да си замине.

Рома му нуди тригодишен договор како замена за Клаудио Раниери, кој пристигна на кормилото на волчицата од Фулам во последниот дел од сезоната, но се знаеше дека ќе си замине.

Фонсека има одлични резултати со Шахтар откако во 2016 година пристигна во клубот од Донецк од Брага. Тоа е неговото прво интернационално искуство, а добрите резултати го препорачаа на Рома, па има големи шанси да се пресели во Рим.

- Оглас -

Најнови вести