Фонсека се чуди: „Се договоривме кој треба да ги шутира пеналите“

Екипите на Фиорентина и Милан го одиграа еден од најчудните натпревари оваа сезона, не само во Италија туку воопшто во топ-5 лигите. Виолетовите победија со 2-1, но на мечот беа промашени дури три пенали, колку што беа досудени.

Најпрво во 22-рата минута, Моис Кин не успеа да го совлада голманот на Милан, Мајк Мањан, кој го одбрани неговиот удар. Следуваа два пенали за Милан, но Давид де Хеа успеа да ги одбрани ударите на Тео Ернандес и на Теми Абрахам, а тренерот на Црвено-црните по мечот даде помалку изненадувачка изјава.

„Изведувач на пеналите е Пулишиќ, не знам што правеа момците и зошто менуваа. Веќе им се заканив дека ова не смее да се случува во иднина“, рече Фонсека по мечот.

Кристијан Пулишиќ го одигра целиот натпревар и изненадувачки е зошто тој не ги шутираше пеналите кога веќе така било договорено.

- Оглас -

Најнови вести