„Форбс“ објави листа на најплатени фудбалери за 2023 година

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени фудбалери на светот за 2023, а првото место го држи Кристијано Роналдо со вртоглави 260 милиони долари, од кои 200 милиони се од неговата плата во Ал Наср, а 60 милиони од спонзорите кои ги рекламира.

Со ова, Португалецот се враќа на врвот, откако лани најголема заработка имаше Килијан Мбапе. Годинава Мбапе е на четврто место и тој е единствен во првите петмина што сезонава игра во Европа.

Зад Роналдо, на втора позиција е Лионел Меси со 135 милиони долари, трети е нејмар со 112, а петти Карим Бензема со заработени 106 милиони годинава. Во Топ 10 се и Ерлинг Халанд, Мо Салах, Садио Мане, Кевин Де Бројне и Хари Кејн.

 

- Оглас -

Најнови вести