Нема зима за Кристијано Роналдо, кога се во прашање парите, а како што објави Форбс, само од договорот со познатиот производител на спортска опрема Најк ќе заработи фантастични 870 милиони евра.
Двете страни соработуваат од 2003 година и пред три години потпишаа таканаречен доживотен договор за соработка. Само тројца спортисти на светот имаат такви договори со Најк, а покрај Роналдо во трилингот гиганти се и Мајл Џордан и Леброн Џејмс.
Португалецот заработува одлично и во Јувентус, годишната плата му е околу 30 милиони евра, но има уште толку од останатите спонзори, не сметајќи го гигантскиот договор со Најк.
Еве ја листата на светски брендови кои имаат договор со Роналдо:
Кастрол – 16 милиони евра за двегодишен договор
ЗТЕ – 4.5 милиони евра за една година
Емпорио Армани – 4.2 милиони евра за четири години
Хербалајф – 2.2 милиони евра за пет години
КФЦ – 1.9 милиони евра за тригодишен аранжман
Клиер – 1.7 милиони евра за една година
Панцер глас – 870 илјади евра за една година
Американ Туристер – 350 илјади евра за една година
Еџипшн стил & ЕА Спортс – сумата не е објавена