Формата е на страната на Топчиите, но традицијата вели дека Ливерпул е закон на „Енфилд роуд“

На „Енфилд роуд“ денеска се игра големо дерби во Премиер лигата, а гостин на Ливерул е лидерот Арсенал. Според квотите, нема фаворит, но факт е дека Ливерпул во последните девет меѓусебни дуели, е многу поуспешен и има пет победи и само еден пораз. Арсенал многу одамна се нема израдувано на победа на „Енфилд роуд“. Тоа последен пат се случило во септември 2012 година кога било 2:0 за гостите.

Ливерпул сезонава дома во 13 средби има само еден пораз, но Арсенал е најдобриот тим на гостински терен и сезонава во 14 средби на туѓ терен успеа да се радува дури 11 пати.

Мохамед Салах е главен фаворит да биде стрелец на првиот гол, а потоа следуваат Нуњес, како и голгетерот на гостите, Габриел Жезус. Во Специјалниот сингл на Sport Life има понуда за обложување на тоа кој ќе го изведе првиот корнер, а кој последниот, како и колку вкупно корнери ќе има на средбата. Може да се одигра и на прв жолт картон, прв црвен картон, прва замена или прв пенал, а секако тука е и понудата за тоа во кој период ќе биде постигнат првиот погодок.

Во последните 19 меѓусебни средби само два пати било 0:0, а на сите останати дуели биле постигнувани барем по два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести