Формата на Трамп или искуството на Хигинс?

Џад Трамп ќе се обиде да му се реваншира на Џон Хигинс за поразот во финалето на Светското првенство во снукер во 2011 година, и има реална шанса за тоа, бидејќи Англичанецот сезонава е во многу подобра форма и игра поконстантно од Шкотланѓанецот.

Сепак, ветеранот кој по осми пат (рекордер е Стивен Хендри со девет) е во финале на СП во „Крусибл театарот“ во Шефилд, никој не смее да го потцени. Тој трета година по ред е во финалист, лани и преклани загуби, но човекот има четири, ја брка петтата титула, а годинава покажа дека до финале може да стигне и кога игра лошо. Доколку ја пронајде својата најдобра форма, 43-годишниот Хигинс може лесно и да го совлада противникот.

Трамп кој има 29 години, и игра многи позрело отколку пред осум години кога дојде до финалето, годинава најмногу се мачеше во првото коло кога одвај мина со 10-9 во фрејмови, а Хигинс вчера во полуфиналето победи во мајсторка и со 17-16 со пресврт го елиминираше големото изненадување годинава, Дејвид Гилберт.

„Асот во шпилот карти“ или „Волшебникот од Вишоу“, кој е да победи, за титулата ќе освои 500.000 фунти, што е најголема парична награда во историјата на снукерот.

Пред мечот, квотите во Sport Life го фаворизираат Трамп, но после првата или втората сесија, работите може да се сменат. Финалето се игра до 18 добиени фрејмови, во четири сесии, две денеска и две утре, и ќе заврши в понеделник вечер.

- Оглас -

Најнови вести