Челниците на Формула 1 донеле конечна одлука за откажување на претстојните трки за Големата награда на Бахреин и Големата награда на Саудиска Арабија, пишува „Gpblog“. Официјална потврда се очекува во следните 24 часа, но информациите веќе се потврдени од сигурни извори. Главната причина за драстичната мерка е ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток и директните воздушни напади што ги зафатија териториите на двете земји.
Ситуацијата нагло се влоши пред почетокот на сезоната во Австралија, кога беа извршени воздушни напади врз Иран, по што следеа одмазднички напади. Иранските ракети беа насочени кон Бахреин и Саудиска Арабија, што го направи исклучително опасно одржувањето на масовни спортски настани во регионот.
Првите сериозни индикации за проблеми се појавија дури и пред почетокот на шампионатот, откако беа откажани планираните тестови за гуми на Пирели на патеката Сахир. Тимовите на Мерцедес и Мекларен беа блокирани во своите хотели неколку дена поради затворен воздушен простор пред да можат безбедно да се вратат во Европа.
F1 looks set for a five-week break after the Japanese GP, with the Bahrain and Saudi Arabian races expected to cancelled as a result of the war in the Middle East 🗓️
The calendar would be cut to 22 races with F1 taking a commercial hit of more than £100m. pic.twitter.com/n2DWIp3XwC
— BBC Sport (@BBCSport) March 13, 2026
Оваа промена резултира со невидена празнина во распоредот на најбрзиот спорт. По Големата награда на Јапонија, возачите и тимовите ќе влезат во принудна пауза од речиси пет недели, а следната трка е закажана дури на 3 мај во Мајами.

