18.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Формула 1 престана во пренос да ги прикажува девојките и жените на возачите

Телевизиските преноси од трките во Формула 1 ќе бидат посиромашни, откако е направена промена по критиките од некои од возачите.

Почнувајќи од Големата награда на САД во Остин, Ф1 престана да ги прикажува сопругите и девојките на возачите за време на преносите.

Одлуката доаѓа по жалбата од возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, кој рече дека прекумерното внимание кон „ѕвездените девојки“ и другите познати личности во падокот покажува „недостаток на почит“ кон спортот и самите натпреварувачи.

„Треба да има повеќе почит кон она што се случува на патеката. Во Сингапур направив четири или пет престигнувања, но ниту едно не беше прикажано. Дури не покажаа ниту Алонсо како го брка Хамилтон во последниот круг. Веќе претеруваат со снимките од познати личности и девојките на возачите“, рече Шпанецот.

Како резултат на тоа, Формула 1 издаде официјално соопштение во кое нагласи дека фокусот останува на трката, а во Остин не беше прикажана ниту една сопруга или девојка на возач на телевизискиот пренос. 

- Оглас -

Најнови вести