Формула 1 со контроверзна одлука околу корона-вирусот

Првиот човек на Формула 1, Чејс Кери, рече дека ако некој пилот биде позитивен на корона-вирусот, тоа нема да значи прекин на шампионатот и откажување на некоја трка од календарот, туку тимовите во секој момент ќе треба да имаат подготвено замена за евентуално заразен возач.

„Ако некој има корона-вирус, тоа нема да доведе до откажување на трка. Ќе ги охрабриме тимовите да имаат процедура како да постапат ако имаат некој заразен. Позитивниот на вирусот ќе треба да биде ставен во карантин. Ќе треба да најдат замена. И ако некој тим не може да се трка, нема да ги откажуваме настаните“, вели Кери.

Сезоната во Формула 1 треба да почне на 5 јули во Австрија.

- Оглас -

Најнови вести