Форналс е „легнат полицаец“, Де Бројне е збунет (Фото)

Пабло Форналс ја имаше улогата на „легнат полицаец“ на дуелот меѓу Вест Хем и Манчестер сити и со позицијата во живиот ѕид на Чеканите го збуни Кевин Де Бројне.

Најдобриот играч во Премиерлигата за ланската сезона се подготвуваше да изведе слободен удар против жив ѕид од четворица играчи, плус Форналс, кој легна на тревата во необична позиција.

Де Бројне промаши, а Форналс и соиграчите од Вест Хем се радуваа на бод и реми 1:1 против големиот фаворит.

 

- Оглас -

Најнови вести