Нерешените 1-1 не им вршат голема работа ниту на Вилјареал, уште помалку на Уеска, но и двата тима се задоволни што не загубија и ја продолжуваат битката за опстанок во шпанската Примера.
Голот за Вилјареал беше мајсторски, го постигна Пабло Форналс, со петица, поточно со таканаречена „рабона“. За Форналс, ова е втор гол сезонава, а и првиот му беше еврогол, со шут од 40-тина метри. Гостите израмнија во 78 минута преку Свила кој има 10 гола сезонава, и останаа седум бода зад безбедната зона, што најверојатно значи само одложување на нивната судбина како нов второлигаш.
Погледнете го голот на Вилјареал: