Форца убедливо поразена од Рига на стартот од главната фаза на ЛШ во футсал

Македонскиот футсал првак Форца со убедлив пораз (5-1) од летонскиот тим Рига ја започна главната фаза од УЕФА Лигата на шампионите. Турнирот се игра во Белград, а нашиот претставник беше надигран.

Рига поведе со голот на Сержињо 16-та минута и замина на одмор со минимална предност.


Во второто полувреме, летонскиот тим преку Страздинс и Даниел Аросо зголеми на 3-0, а потоа Форца успеа да постигне погодок. Стрелец беше Берио.


Рига до крајот на мечот дојде до убедлива победа со головите на Варгас и на Страздинс.

- Оглас -

Најнови вести