31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Фортуна е среќен второлигаш, има супер стадион на кој денеска ќе падне светски рекорд, а и Македонија е тука

Фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдорф кој се натпреварува во втората Бундеслига, популарно наречена Цвајта, стадионот на кој игра како домаќин, на крајот им го „позајмува“ на ракометарите, со цел да биде испишана историја.

Овој стадион сигурно е еден од најмодерните на светот меѓу објекти на кои играат второлигашки клубови.

На вечерашниот меч Германија – Швајцарија се очекува да има 53.000 гледачи, што ќе биде светски рекорд по посетеност на една ракометна средба.

Организаторите на ракометното ЕП одлучија да постават рекорд и за таа цел, бидејќи е студено времето, го одбраа модерниот стадион во главниот град на покраината Северна Рајна Вестфалија на кој има и покрив, па целата атмосфера ќе биде уште поспектакуларна.

Монтирани се 9.000 седишта покрај теренот, за ракометарите да ја почувствуваат и публиката од поблиску, бидејќи трибините се прилично далеку од теренот за ракомет кој е многу помал од фудбалскиот.

Македонската репрезентација истотака ќе биде дел од фештата. Против Франција го отвораме ЕП 2024, очите ќе бидат вперени и кон тимот на селекторот Кирил Лазаров, а сигурно ќе биде голем бројот на публика и на нашиот меч против Триколорите.

Нашите ракометари вчера имаа прилика да ја почувствуваат магијата на тренирање на стадион, а денеска задоволството ќе биде уште поголемо бидејќи ќе има и многу навивачи. Пишуваме историја, треба да уживаме.

- Оглас -

Најнови вести