Фортуна со 12 играчи на терен и потоа му даде гол на Херенвен за спас од пораз

Тренерот на Херенвен, холандската легенда Робин Ван Перси, беше шокиран после пропуштената победа во натпреварот од 21-вото коло на холандскиот шампионат против Фортуна.

Херенвен водеше со 2-1 до 90. минута, а потоа Фортуна израмни на 2-2 и тоа откако Фортуна на терен имаше 11 играчи плус голман. Фортуна речиси цела минута била со човек плус на терен и така обезбедиле аут, по кој дојде корнер, а по изведениот корнер израмнија на 2-2.

Судиите не забележале дека еден од играчите не го напуштил теренот при една замена во 88-мата минута.

„Против нас играа со 12 играчи, недозволиво е тоа. Навистина ми е чудно што ова се случува на ова ниво. Ова е грешка што не можете да ја сфатите. Не сакаме да и го отежнуваме животот на Холандската фудбалска асоцијација, но тоа едноставно не смее да се случи. Никогаш не сум го доживеал тоа во мојот живот. Како персонал го видовме тоа веднаш и го пријавивме на четвртиот судија. Тој рече дека ќе го разгледаат тоа, но играта продолжи“, изјави Ван Перси.

- Оглас -

Најнови вести