Фотофиниш потоп: ПСЖ оживеа во судиското надополнување и ја нокаутира Аталанта (видео)

ПСЖ со неверојатен пресврт во последните минути ја елиминира Аталанта со конечни 2-1. Светците први се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите  по драматичната пресметка во Лисабон против Божицата.

Избраниците на Тухел повеќе од еден час бркаа негатива по погодокот на Пашалиќ за 1-0 во 27-мата минута, успеаја дури на истекот од регулраните 90 минути да израмнат преку Маркињос, а веќе во следниот напад Чупо-Мотинг го оствари неверојатниот пресврт за конечни 2-1.

 

https://streamable.com/oenikg

https://streamable.com/x0403f

За Аталанта завршува историската авантура на европската сцена, додека ПСЖ ќе го чека подобриот од дуелот Лајпциг – Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести