Зинедин Зидан и Килијан Мбапе имаа неочекуван дуел во текот на дербито во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, а фудбалските вљубеници на интересен начин го коментираа моментот на „Сантијаго Бернабеу“.
Мбапе беше во налет, се обиде да спаси една топка и се судри со тренерот на Реал Мадрид, кој се обиде да го задржи. Следуваше поздрав на сонародниците и лавина на интересни и, пред сè, шеговити коментари на социјалните мрежи.
„Зизу не го пушта Килијан да си оди дома“ е еден од многуте коментари. Познато е дека Реал Мадрид се обидува да го купи Мбапе, но ПСЖ му готви нов договор со кој Килијан би заработувал над 30 милиони евра годишно.
„Почнаа преговорите меѓу Зидан и Мбапе“, додава друг фудбалски фан на социјалните мрежи. Реал и ПСЖ ремизираа 2:2 во одличен меч во Мадрид, а Мбапе беше стрелец на првиот гол за гостите од Париз и уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.