Андреа Довициозо и Фабио Квартараро имаа опасен судар на самиот почеток на трката за Големата награда на Велика Британија, а и двајцата за среќа минаа без сериозни последици, иако имаше и оган, а се запали моторот на Италијанецот.
Довициозо налета на Квартараро, и двајцата излетаа од патеката и за среќа ја исбегнаа огнената топка, откако се запали Дукатито на италијанскиот натперварувач.
Трката продолжи, и Довициозо и Квартараро станаа на нозе, иако беше видливо дека се потресени по инцидентот на самиот старт на трката од Мото ГП во Силверстон.
https://twitter.com/MotoGP/status/1165596457707155456?s=20