Фотографии се шират вирално за спорната боксерка како мало девојче (Фото)

Пред да започне боксерскиот турнир на Олимписките игри, дел од јавноста се разбесни бидејќи на две жени со зголемен тестостерон им беше дозволено да учествуваат во Париз. Се работи за 28-годишната Лин Ју-Тинг од Тајван и 25-годишната Имане Келиф од Алжир. Тие не се трансродни лица, се идентификуваат како жени, но имаат зголемено ниво на тестостерон. И додека сѐ уште се очекува настапот на Тајванката, за Алжирката и нејзината борба не престанува да се зборува.

Имено, мечот и беше предаден по само половина минута од страна на Италијанката Ангела Карини (25). По еден удар на Алжирката, Карини побара да и се поправи заштитната кацига. По уште еден удар, таа се повлече во својот агол и побара прекин на борбата. По прекинот, Карини клекна и заплака.

„Ова за мене не е пораз. Голем успех е воопшто да влезам во тој ринг. Но кога ме удри вториот пат, повеќе не можев да дишам. Без разлика на сѐ, чест ми е што настапив на Олимписките игри“, изјави Карини по мечот против спортистката која многумина ја опишуваат како спорна боксерка.

Причината за тоа е што и беше забранет настап на СП, исто како и на нејзината тајванска колешка, бидејќи не ги исполни условите за натпреварување во женска конкуренција.

Имане Келиф и Лин Ју-Тинг беа дисквалификувани од женското Светско првенство во 2023 година бидејќи тестовите „докажаа дека имаат XY хромозоми“, објаснија од Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА).


Но, бидејќи ИБА не го води олимпиското боксерско натпреварување во Париз, Меѓународниот олимписки комитет потврди дека е задоволен што двете боксерки можат да се натпреваруваат според помалку строги правила за половата подобност кои беа на сила за Игрите во Токио 2021.

Алжирскиот олимписки комитет е лут поради хајката против нивната боксерка, а лути се и нејзините сонародници.

Еден од оние кои се трудат да докажат дека сè е регуларно е и алжирскиот новинар Јусеф Загба, кој на Инстаграм објави три фотографии за кои тврди дека ја прикажуваат Келиф како девојче.

Тој ја нарече алжирска хероина и побара тие фотографии да се споделуваат на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести