Фотографија поради која МЗТ Скопје Аеродром треба да плати 5.000 евра

Кошаркарскиот првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродорм е казнет со 300.000 денари од Дисциплинската комисија при КФСМ, додека директорот Тони Грнчаров доби двегодишна суспензија. Причина за ваквите казни се објавите што ги има постирано на социјалните мрежи на официјалниот клупски профил на МЗТ Скопје Аеродром, како и на личниот профил на МЗТ.

Од Дисциплинската комисија утврдиле дека на објавите на социјалните мрежи имало и навредлива содржина. Се работи за фотографијата која е направена по освојување на Суперкупот, кога капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски, позира со пехарот, а во позадина е Перо Антиќ, чиј лик е „заматен“.

Во продолжение прочитајте го официјалниот запис од КФСМ.

МЗТ денеска од 18:30 часот во „Јане Сандански“ го пречекува вечниот ривал Работнички.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести