На социјалните мрежи се појави една фотографија која датира од 2002 година, а на неа се две кошаркарски икони. Македонската легенда Петар Наумоски заедно со Ергин Атаман, кој сега е еден од најдобрите европски тренери на денешницата.
Во тој период Атаман беше помошник-тренер во Ефес Пилсен, клубот каде што Наумоски е клупска легенда и е еден од ретките чиј дрес е повлечен на кровот од салата.

Наумоски и Атаман потоа повторно соработуваа во тимот на Улкер. Тогаш Атаман лично инсистираше Наумоски да дојде во тимот, а Наумоски секако дека му беше благодарен на тренерот кој имаше голема доверба во него.
Out of context. #Ataman @Paobcgr @Eurohoopsnet @EuroLeague pic.twitter.com/IpbtdaoCzA
— MaraGoTa y EnaNo (@maragotayenano2) December 13, 2025
Денеска Атаман важи за еден од најреномираните европски тренери, додека Наумоски се памети како легенда не само на македонската, туку и на европската кошарка во периодот од крајот на 20 и почетокот на 21 век.

