Фотошоп или нешто друго, ги нема тетоважите на Рамос

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос знае одвреме-навреме да предизвика големо внимание со објавување фотографии на социјалните мрежи, а денеска неговиот профил на „Инстаграм“ гори.

Причината за реакциите е една фотографија на Рамос на која си го сликал грбот, а нема ниту една тетоважа. На многумина не им е јасно што се случило и како капитенот на Реал Мадрид си ги избришал тетоважите од неговиот грб кога се знае дека целиот грб му е прекриен со разни цртежи и пораки. Тоа се однесува и за рацете, барем оној дел што се гледа.

Дали станува збор за компјутерски фотошоп или тетоважите на грбот се покриени со некаква шминка и пудра, проценете сами.

- Оглас -

Најнови вести