Фрајбург доминира против овој ривал, а ако не победи, тогаш резултатот е 1:1

Во последниот меч од шестото коло на германската Бундеслига, Фрајбург е домаќин на Аугсбург, а домаќините ја имаат улогата на фаворити. Со само пет гола во пет дуели, Фрајбург го има вториот најлош напад сезонава во Бундеслигата, но денеска е фаворит за триумф.

Аугсбург е ривал кој едноставно нема „лек“ за Фрајбург. Во последниве две години овие две екипи одиграа пет пати и секогаш Фрајбург победуваше. Пред да започне оваа победничка низа на Фрајбург во дуелите со Аугсбург, овие две екипи одиграа три средби во кои резултатот беше идентичен (1:1).

Пред оваа сезона од реми нерешени со ист резултат, Фрајбург имаше уште една победа и тоа убедлива со 5:1, што значи дека во последните девет средби на овие две екипи, Фрајбург има шест победи и три нерешени дуели со 1:1.

ПОСЛЕДНИ ДЕВЕТ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

Фрајбург – Аугсбург 3:1

Аугсбург – Фрајбург 0:4

Аугсбург – Фрајбург 1:2

Фрајбург – Аугсбург 3:0

Фрајбург – Аугсбург 2:0

Аугсбург – Фрајбург 1:1

Аугсбург – Фрајбург 1:1

Фрајбург – Аугсбург 1:1

Фрајбург – Аугсбург 5:1

- Оглас -

Најнови вести