8.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

Фрајбург го има омилениот стадион за Германците, во пет меча постигнаа дури 36 гола

Германија има многу стадиони на кои може да игра нивната фудбалска репрезентација, а најчесто кога имаат некој помалку атрактивен ривал, играат во некој град кој ретко добива шанса да биде домаќин на националната селекција. Германија против Босна и Херцеговина играше во Фрајбург, а на крајот Панцерите беа убедливи и славеа со 7:0.

Со овој резултат, Германија само ја продолжи традицијата да победува убедливо кога игра на стадионот во Фрајбург. Пред мечот со БиХ, Германија во Фрајбург победуваше убедливо против Лихтенштајн (8:0), потоа Малта (7:0), Кувајт (7:0) и Луксембург (7:0). Последна во низата беше Босна и Херцеговина, која загуби со 7:0, што значи дека Германија кога игра на стадионот во Фрајбург, гарантирано е дека ќе биде 7+ погодоци.

- Оглас -

Најнови вести