Волфсбург и Фрајбург го одиграа највозбудливиот натпревар во Бундеслигата ова попладне.
Во Волфсбург беше видена вистинска голеада, откако Фрајбург поведе веќе во петтата минута со погодок на Треу.
Пресвртот за Волфсбург го донесе Џенан Пејчиновиќ со два гола во 13-та и 49-та минута, а потоа Грифо во 56-та минута израмни на 2-2. Пејчиновиќ во 69-та минута комплетираше хет-трик за 3-2, и се чинеше дека Волците ќе одат кон победа на негови крила. Но, следеше нов драматичен пресврт, Силт во 71-та минута постигна автогол за 3-3, а Шернат во 78-та минута донесе конечни 3-4.
Унион Берлин триумфираше во Келн со гол во 91-та минута од резервистот Шафер, а предноста од играч повеќе ја имаа од 83-та минута, поради црвениот картон на Ван ден Берг.
Во Аугсбург и Штутгарт мечевите завршија без голови.
Хамбургер и Ајнтрахт ремизираа 1-1. Во Хамбург, домашниот тим поведе во 19-та минута преку Локонге, кој искористи сериозна грешка на дефанзивецот на Ајнтрахт и од 14 метри прецизно го погоди голот за 1-0.
Гостите од Франкфурт, учесници во Лигата на шампионите, израмнија во 26-та минута преку Хуго Ларсон, кој одлично реагираше и од седум метри ја смести топката во мрежата за 1-1.

