Фрајбург немаше милост кон ТСЦ Бачка Топола, фаворитите без проблем во Лигата на Европа

Германскиот бундеслигаш Фрајбург пред своите навивачи убедливо со 5:0 славеше над ТСЦ Бачка Топола во меч од четвртото коло во Лигата на Европа. Со оваа победа Фрајбург стигна до девет бода, колку што има и Вест хем во таа група и овие две екипи се на чекор од пласман во нокаут-фазата. Вест хем се намачи против Олимпијакос и со голот на Пакета триумфира со 1:0.

Олимпик Марсеј на гости со 2:0 го победи АЕК во Атина, Бетис немаше проблеми против Арис Лимасол и славеше со 4:1, а фаворитската улога ја потврди и Аталанта против Штурм со 1:0.

Резултати: АЕК – Олимпик Марсеј 0:2, Аталанта – Штурм 1:0, Бетис – Лимасол 4:1, Фрајбург – ТСЦ 5:0, Хакен – Молде 1:3, Ренџерс – Спарта Прага 2:1, Спортинг Лисабон – Раков 2:1, Вест хем – Олимпијакос 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести