Фрајбург со услуга за „милионерите“

Фрајбург го совлада тимот на Б. Менхенгладбах со 3-1, на отворањето на 9. коло во Бундеслигата. Домаќините го спречија составот на Хечкинг да се доближи до нивниот ривал Дортмунд на табелата, па сега „милионерите“ имаат можност да направат поголема бодовна разлика и да се зацврстат на врвот.

Ретко кога судиите се одлучуваат да досудат пенал уште во првата минута од средбата, но, вечерва тоа се случи и во корист на Фрајбург, а Петерсен беше прецизен за 1-0. И гостите стигнаа до погодок на ист начин, веќе во 20-тата минута судијата повторно покажа на белата точка, овој пат казната беше за домашнaта екипа, а Торган Азар израмни на 1-1.

Сепак, Фрајбург стигна го одлучувачкиот гол со кој ја остварија третата победа сезонава, Валдшмидт во 57-та минута донесе нова радост, пред Холер да го реши мечот само пет минути по влегувањето во игра, односно во четвртата минута од судиското надополнување.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести